Солскјер сега е на чекор од еден негативен рекорд кој го држи Сер Алекс Фергусон

Манчестер јунајтед ќе биде голема битка до крајот на првенството во Премиер лигата за да стигне до позиција која води во Лигата на шампиони за следната сезона. Најтрофејниот англиски клуб моментно е на шестото место со 61 бод, но има реални шанси да ги стигне Арсенал, Тотенхем, па и третопласираниот Челзи кој има 66 бодови и меч помалку.

Вербата за место во ЛШ кај Манчестер се врати откако на клупата седна Оле Гунар Солскјер кој победи на 10 од првите 11 средби, а постави и рекорд од девет триумфи во низа на гостински терен.

Сепак, сега ситуацијата не е како на почетокот. Гигант од „Олд Трафорд“ е во форма која не ветува ништо добро. Манчестер загуби четири пати од последните пет меча. Лошата низа започна со поразот од Арсенал 2:0 во првенството. Потоа беа поразени од Вулверхемптон во ФА Купот, па следуваше победа над Варфорд. Сепак, радоста кратко траеше, бидејќи Манчестер повторно загуби од Вулверхемптон, но овојпат во Премиер лигата, а последен неуспех не тој на „Олд Трафорд“ од Барселона (пораз 0:1) во Лигата на шампиони.

Сега Манчестер е на само уште еден пораз за да ја повтори низата од пет порази во последните шест меча од 1992 година. Тогаш на клупата беше легендарниот Сер Алекс Фергусон. За да не дозволи да го повторни овој негативен рекорд, Солскјер треба да не дозволи пораз од Вест хем, вечерва од 18:30 часот на „Олд Трафорд“.

Солскјер не само што не размислува да загуби, туку тој очекува Манчестер во последните шест кола да освои 15 бодови и да заврши на третото место на табелата во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести