Бруклин направи „брејк“ во Филаделфија

Бруклин нетс славеше во Филаделфија против „76-ките“ со 111-102, и поведе со 1-0 во оваа плејофот серија од првото коло во разигрувањето за титулата во НБА лигата.

Најдобри поединци кај „мрежичките“ беа Данџело Расел со 26, Карис Леверт со 23 и Спенсер Динвиди со 18 поени. Кај поразената Филаделфија, најефикасни беа Џими Батлер со 36, Џоел Ембил со 22, и Бобан Марјановиќ со 13 поени.

Како клучно се покажа поголемиот број на расположени играчи кај гостинскиот тим, кој одамна немаше играно плејоф и многу мотивирано влезе во дуелот, па првата четвртина ја доби со 31-22, предност од девет разлика, каква што беше и конечната по одиграни 48 минути.

- Оглас -

Најнови вести