Ливерпул на „Енфилд Роуд“ ќе го пречека Челзи, во дербито кое може да одлучи многу кога се работи трката за титулата во англиската Премиер лига. Домаќините се борат за првиот шампионски трофеј по пауза од речиси 30 години, додека Челзи сака да ја сочува позицијата која ги носи во Лигата на шампиони за следната сезона.
Во пресрет на средбата, Челзи реши да го провоцира домаќинот, па на официјалниот твитер профил на клубот, пушти снимка од погодокот кој пред пет години го постигна Демба Ба. Тоа беше ситуација во која капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард згреши и се лизна, а Ба успеа да реализира од понудениот „подарок“.
На линкот на кој се гледа голот на Ба, стои коментар: Дали некој рече Ливерпул – Челзи?
https://twitter.com/i/status/1117153684671086593