Старата дама e опасна дома

Црвена ѕвезда – Младост (17 часот)

Српскиот првак е апсолутен фаворит во првиот полуфинален меч од Kупот против солидната екипа од Лучани. Младост ќе игра против една неверојатна традиција, која вели дека никогаш не ја победиле Црвена ѕвезда во 16 меѓусебни дуели. Но, како што велат во најавата за мечот, за сè има првпат, па ќе се обидат да го урнат фаворитот уште на првиот меч во Белград.

Црвена ѕвезда има поинакви планови, а годинава целта е да се освои двојната круна. Имаат поквалитетен тим од изборот што го има Ненад Миловановиќ во Младост.

Интересно е што на последните девет меѓусебни дуели на овие два состави секогаш имало голови во двете мрежи, и тоа со обложувачки речник секогаш беше ГГ&3+.

Ќе типуваме дека и десетти пат по ред ќе се тресат двете мрежи.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.50)

 

МОЛ Види – Дебрецин (18 часот)

Бобан Николов и соиграчите се фаворити за прва полуфинална победа на двомечот во Унгарскиот куп со Дебрецин. Двете екипи играа меѓу себе пред две недели, а МОЛ Види славеше во меч од првенството со 2-1. И денеска се фаворити за победа, се очекува Николов да биде стартер, а домаќините зад себе ја имаат и традицијата.

МОЛ Види има прекрасна серија од 13 меча без пораз од Дебрецин, а 12 од нив се победи и само едно реми. Титулата тешко ќе биде одбранета бидејќи Ференцварош има голема предност во унгарското првенство, па тимот од Секешфехервар сите сили ќе ги насочи кон освојување на Купот.

Предлог тип: 1 (1.70)

 

 

Брајтон – Кардиф (20.45 часот)

Ова веројатно е и најважниот меч сезонава за двете екипи. Дуел што може да го одлучи и третиот патник во понизок ранг на натпревари, ако Кардиф вечерва загуби на стадионот „Амекс“ во Брајтон.

И двете екипи се во лош тренд, имаат само порази во серија, а полоша е ситуацијата кај Брајтон. Домаќините имаа солидна позиција пред четири кола, но нанижаа неуспеси, а особено тежок дебакл им се случи на мечот со Борнмут. Викендов загубија со 0-5 на свој терен, им се повреди и Нокерт, кој е важна алка во тимот.

Проблеми има и кај Кардиф. Велшкиот тим во Премиер лигата заостанува за пет бода зад Брајтон и ако вечерва не победи, речиси сигурно ќе биде третиот патник во Шампионат лигата, заедно со веќе отпишаните Фулам и Хадерсфилд.

Ќе мораат да одат на цел плен, и тоа без двајца клучни играчи. Калум Патерсон и Сол Бамба нема да играат, што е голем хендикеп за гостите. Дека мисијата на гостите ќе биде исклучително тешка, потврдува и традицијата, која покажува дека Кардиф нема победа на последните пет гостувања, или од 2005 година.

Предлог тип: 1Х&2-4 гола (2.10) Квота на денот

 

Барселона – Манчестер јунајтед (21 часот)

Веќе нема поправен во четвртфиналето во Лигата на шампионите, на ред се реваншите и уште четири исклучитечно интересни дуели за пласман во самата завршница.

Барселона беше многу подобра од Манчестер јунајтед на првиот меч и ќе го почне реваншот на свој терен со предност од 1-0.

Лионел Меси ја санираше повредата по стартот на Крис Смолинг, а тоа секогаш за Барса се одлични вести. Со Аргентинецот на терен, Каталонците можат да играат против секого.

Црвените ѓаволи се надеваат на нов подвиг и бараат реприза од двомечот со Пари Сен Жермен. И тогаш загубија на домашен терен, но ја анулираа негативата од два гола и со победа од 3-1 во Париз се пласираа во четвртфиналето. Но, Барселона сепак е поинаква димензија, нема пораз на домашен терен од Јунајтед во мечевите од Лигата на шампионите, а и овојпат е голем фаворит за нова победа.

Предлог тип: Т1 2+&ГГ (2.25) Квота на денот

 

Јувентус – Ајакс (21 часот)

Во Торино ќе гостува најпријатното изненадување во ова издание од Лигата на шампионите. Ајакс ги собра симпатиите на фудбалскиот свет, има одлична екипа што не ги респектира гигантите. Го надиграа и елиминираа европскиот првак Реал Мадрид, беа доминантни во двата меча со Баерн во фазата по групи, иако двапати ремизираа, а го надиграа и Јувентус на „Амстердам арената“, иако повторно не победија.

Јувентус имаше многу проблеми на првиот меч со младиот, но полетен тим на Ајакс, па ќе мора да ја смени тактиката. Алегри е на потег да најде начин за да ја сопре доминацијата на Ајакс, тим што имаше речиси 60 проценти посед на топката на првиот меч и многу повеќе удари кон голот на Јувентус отколку што имаа гостите.

Клучот е во средниот ред, а сега се очекува Пјаниќ да има помош од поофанзивно настроените играчи Матуиди и Бетанкур, кои играа во редот за врска на првиот меч.

Најавено е дека ќе се менува и формацијата кај Јувентус, со цел да се игра поофанзивно. Дека можат набрзина да ги сменат работите, шампионите на Италија покажаа на претходниот двомеч со Атлетико Мадрид. Загубија на гости со 0-2, но потоа го декласираа цврстиот тим од Шпанија со 3-0 на „Алијанц“ во Торино. Проблем ќе им биде што повторно Кјелини нема да игра, а надвор од редовите е и Манџукиќ. Сепак „старата дама“ е фаворит, а сезонава на „Алијанц арената“ само Манчестер јунајтед успеа да победи во сите натпреварувања.

Кај Ајакс ќе го нема стандардниот бек Талјифико, што е хендикеп за гостите, но за нив е добро што Де Јонг може да игра. „Копјаниците“ немаат што да бранат, мора да постигнат барем еден гол и се очекува повторно да се обидат да играат офанзивно, што е најава за одличен реванш-меч и за голови.

Предлог тип: Т1 1-2 гола во прво полувреме (1.95) Квота на денот

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести