Харден и Адетокумбо се добитна варијанта во триплетата на Sport Life

Обложувалниците на Sport Life воведоа интересни новитети за време на плејофот во НБА-лигата, па сега во проширениот додаток за најсилната баскет лига на светот можете да типувате уште на неколку игри. Покрај веќе стандардната игра на поени на кошаркари, новитет се и игрите на број на скокови и асистенции, а можеби најинтересна е триплетата. Игра која ви овозможува збир на индивидуален тотал на кошаркарите во која се бројат поените, скоковите и асистенциите.

Токму во таа игра ќе ви предложиме да одиграте ефикасна триплета на Џејмс Харден и на Јанис Адетокумбо, двајца кошаркари кои се кандидати за МВП наградата во НБА-лигата. Добар тип според нас е дека Ал Хорфорд против Индијана пејсерс повторно ќе забележи голем број скокови, а прошетката низ НБА и НХЛ ќе ја комплетираме со два предлог-типа од хокеарскиот плејоф.

Ал Хорфорд (Бостон селтикс – Индијана пејсерс, НБА, 01 часот)

Крилниот центар на Бостон одигра одличен  прв меч во плејоф-серијата и комплетно го сопре главниот адут на Индијана, Бојан Богдановиќ.

Хорфорд е искусен кошаркар, одлично го затвора рекетот и дефанзивата му е посилната страна.

На стартот од плејоф-серијата со Индијана имаше најмногу скокови од сите кошаркари, точно 11, што придонесе гостите да постигнат скромни 74 поени во поразот од десет поени разлика.

Ноќеска на ред е вториот меч и повторно се игра во Бостон, а победничката тактика на домаќинот нема да се менува. Рецептот е со цврста одбрана да се стигне до 2:0, а ќе типуваме дека Хорфорд повторно ќе биде клучниот човек во системот на игра што им донесе успех на играчите на Бостон.

Предлог тип: Хорфорд >7.5 скокови (1.90)

 

Јанис Адетокумбо (Милвоки бакс – Детроит пистонс, НБА, 02 часот)

Повредата на Блејк Грифин, кој нема да игра до крајот на плејоф-серијата со Милвоки, е голем удар за Детроит и олеснување за Јанис Адетокумбо.

Популарниот Грик Фрик сега нема достоен противник на паркетот што би можел барем малку да го потзапре. Игра извонредна сезона, а тоа го потврди и со 24 поени, 17 скока и 4 асистенции на првиот меч со Детроит, учинок што е одличен и остварен само за 23,5 минути игра.

Детроит ќе се обиде да ги консолидира редовите, да избегне нова катастрофа, но нема решение за Јанис. Ќе типуваме дека крилото на Милвоки ќе успее да ја мине границата 45 со комбинација на поени, скокови и асистенции, игра која е вистинско освежување во Sport Life обложувалниците.

Предлог тип: Адетокумбо > 44.5 тотал поени+скокови+асистенции (1.87)

 

Џејмс Харден (Хјустон рокитс – Јута Џез, НБА, 03.30 часот)

Бекот на Хјустон ужива да игра против Јута, а скоро на секој меч против популарните „џезери“ е со трипл-дабл или многу блиску до него.

На првиот меч од плејоф-серијата, Ракетите го декласираа ривалот со 122:90, а на Харден му фалеа само два скока до трипл-дабл учинок.

Гостите се обидоа на секој начин да го сопрат Брадата, стилот на одбрана на Рики Рубио против Харден стана вирален хит на интернет, но и тоа не успеа.

Ноќеска повторно ќе мора да бараат начин како да му се спротивстават на главниот адут на Хјустон, но ние ќе типуваме дека Харден повторно ќе блеска.

Предлог тип: Харден > 47.5 тотал поени+скокови+асистенции (1.87)

 

Далас старс – Нешвил предаторс (НХЛ, 02 часот)

Сите три меча во првото коло од плејофот меѓу овие два состави беа максимално неизвесни и со малку голови.

Далас поведе со 1:0, но Нешвил со две победи направи пресврт и повторно си ја в рати предноста во евентуална мајсторка да одлучува за патникот во втората рунда на свој терен.

Двапати одиграа мечеви со резултат 3:2, еднаш мораа да играат и продолженија, пак во меч со малку голови, што во регуларен дел заврши нерешено, 1:1, па се очекува нов тврд меч.

Влогот е голем и за двете екипи, победа на Нешвил би значела речиси сигурна елиминација на Далас, па ќе типуваме на помалку од 5.5 голови.

Предлог тип: < 5.5 голови (1.53)

 

Колорадо авеланш – Калгари флејмс (НХЛ, 04 часот)

Чуда се случуваат на стартот од плејофот во НХЛ-лигата, а два големи фаворити веќе се во аут. Најдобрата екипа во регуларниот дел Тампа беј доживеа „метла’ од Колумбус, а тоа му се случи на шампионот од 2015/16 и 2016/17, Питсбург, во серијата со Њујорк ајландерс.

И најдобрата екипа од Западот во регуларниот дел од сезоната, Калгари флејмс, е во непријатна ситуација и губи со 1:2 од Колорадо.

Авеланш ги растурија гостите од Калгари со 6:2 и по стартниот пораз од 0:4, направија пресврт, имаа и брејк и се во добитна ситуација.

Сепак, Флејмс нема да се предадат толку лесно и ќе се обидат да израмнат за да ја вратат предноста на домашен терен.

Ова е дуел на првиот против осмиот носител во плејофот во Западната конкуренција, исходот е неизвесен и ќе типуваме дека ќе се игра ефикасно ноќеска во „Пепси центарот“ во Денвер.

Предлог тип: > 5.5 голови (1.77)   

 

- Оглас -

Најнови вести