На „светците“ од Париз им се стемни и во Нант (Видео)

Пари Сен Жермен вторпат по ред е поразен на гостински терен и повторно не дочека промоција во нов првак на Франција.

Вечерва Нант беше подобар, славеше со 3-2 и освои бодови за спас и опстанок во првата француска лига. ПСЖ до пред две кола имаше само еден пораз, а сега има мини-серија од два неуспеси, пораз од Лил со 1-5 и од Нант вечерва, па ќе очекува бодови и промоција во нов првак на следниот дуел, дома против Монако.

Како утеха за парижаните е евроголот на Дани Алвес за 1-0, но потоа Нант направи пресврт, поведе со 3-1 и успеа да слави значајна победа.

https://www.youtube.com/watch?v=Qu3lhxIrmIg

Во ист термин од 19 часот вечерва заостанат дуел во Серија А одиграа Лацио и Удинезе, а домаќините славеа во Рим со 2-0. Двата гола беа постигнати во првото полувреме, во краток период само од 180 секунди.

Каиседо погоди во 21-вата минута, а Сандро си постигна автогол во 24-тата минута, по што беше јасно дека „лацијалите“ ќе слават и ќе останат во трката за позиции кои водат во европските купови.

- Оглас -

Најнови вести