Барселона против Ливерпул и Ајакс на мегдан со Тотенхем. Тоа се двата полуфинални парови кои останаа во Лигата на шампионите во трка за големиот сребрен пехар. Единствено Тотенхем не се радувал на овој трофеј, додека останатите три клуба се повеќекратни освојувачи.
Првите полуфинални средби ќе се играат на 30 април и 1 мај, а домаќини ќе бидат Барселона, односно Ајакс. Реванш-дуелите се закажани за седум дена, односно на 7-8 мај.
Победниците од двете полуфинални дуели ќе се изборат за место во финалето, кое ќе се игра на 1 јуни во Мадрид.