Почна големата битка меѓу Барса и Ливерпул, билетите се изгор за гостинските навивачи

Почна големата битка во полуфиналната пресметка меѓу Барселона и Ливерпул, а по сè изгледа ќе страдаат навивачите. Каталонците први повлекоа потег, и тоа непопуларен, одредувајќи цена од околу 119 евра за гостинските навивачи за дуелот на „Камп ноу“ закажан за 1 мај.

Веднаш возврати Ливерпул со иста мерка и со иста цена за навивачите на Барселона за реванш-дуелот на „Енфилд роуд“ што ќе се игра на 7 мај.

Од таборот на англискиот претставник велат дека со тие пари ќе им помогнат на своите симпатизери, и тоа со 31 евро за секој посебно за да можат да го следат првиот меч на „Камп коу“.

Според најавите, околу 4.600 симпатизери на Ливерпул ќе бидат на трибините на „Камп ноу“, а веројатно ќе ги има и повеќе, односно дел што ќе патуваат во сопствена режија.

Како и да е, битката започна со цени што се многу високи и за симпатизерите на Ливерпул и на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести