Старт за во затвор: Му ја скрши ногата на две места и воопшто не се покаја (Видео)

На дуелот од 21-вото коло во првенството на Боливија меѓу Ројал Парехо и Блуминг се случи еден тежок инцидент. Играчот на домаќините Катари Урапуча направи фаул кој е еден од оние за кои се вели дека се за „во затвор“. Се играше 78-мата минута, топката беше на средината на теренот кога Урапуча со отворен ѓон отиде директно на ногата на Матео Зоч.

Веднаш се забележа дека се работи за тешка повреда, а судијата му даде црвен картон на играчот кој го направи крвничкиот старт. Да биде уште полошо, Урапуча воопшто не се ни покаја ниту пак отиде да го види повредениот играч.

По направените прегледи, се работи за двојна скршеница, и тоа на потколеницата и на фибулата, а Зоч ќе мора да паузира најмалку осум месеци.

https://twitter.com/i/status/1123984899847929857

- Оглас -

Најнови вести