Ќе има голови во градското дерби во Торино

Јувентус – Торино (20:30 часот – Серија А, 35-то коло)

Одамна се знаеше кој ќе биде шампион во Италија, Јуве ја заврши работата пред две кола со триумфот од 2-1 на домашен терен против Фиорентина. Битка во Серија А се води за четвртото место на табелата, со кое може да се обезбеди квалификации за ЛШ, а тоа е целта на Торино. „Биковите“ ќе се обидат да направат изненадување на „Алијанц стадионот“ и да им ги поматат сметките на Рома и Аталанта.

Сепак, Торино ќе треба да го стори невозможното и да оствари прва победа пред навивачите на „старата дама“. Во вкупно 25 средби на градските ривали, секако дека Јувентус го има подобриот биланс. Најтрофејниот италијански тим има запишано 19 триумфи, наспроти единствената победа на „биковите“ остварена во април 2015 година со конечни 2-1, додека во пет наврати ремизирале.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (2.95) – квота на денот во Sport Life обложувалници

 

Севилја – Леганес (21 часот – Ла Лига, 36-то коло)

Во Севилја иако се соочува со голем број повредени првотимци, не престануваат да се надеваат на пласман во Лигата на шампионите, а вечерва имаат добра шанса да ги продолжат надежите. На „Писхуан“ гостува Леганес, екипата од предградието на Мадрид која никогаше не ја победила Севилја во Андалузија.

Впрочем, тие само еднаш се радувале во вкупно 11 меѓусебни средби, па јасно е зошто фаворитската улога е дадена на Севилја. Избраниците на Хоакин Капарос воедно целат на поправање на формата, бележат три победи и два порази во последните пет кола, а моменално се на петтата позиција на табелата со 55 бода, исто колку што има и Хетафе.

Предлог тип: Т1 1+I & Т1 3+ (2.95) – квота на денот во Sport Life обложувалници

 

Сиваспор – Истанбул Башакшехир (19:30 часот – Супер лига, 31-то коло)

Башакшехир наиде на проблеми во изминатите пет кола, од кои издвои само пед бода од максимални 15, па така си ги загрози шансите што порано да ја обезбеди првата титула во турскиот шампионат. Галатасарај му се доближи само на два бода разлика, па сега екипата од Истанбул нема право на грешка.

Сепак, треба да се знае дека Башакшехир во последните шест меѓусебни дуели против Сиваспор има само еден триумф, три меча завршиле без победник, додека фудбалерите на Сиваспор се радувале во два наврати. Башакшехир последен пат во Сивас се радуваше во 2014 година со резултат од 2-0, па ќе треба да го повтори тоа и да остане на чело на табелата на три кола до крајот на шампионатот во Турција.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2) – квота на денот во Sport Life обложувалници

 

Евертон – Барнли (21 часот – Премиер лига, 37-мо коло)

Барнли си го направи своето и може да се каже дека имал успешна сезона бидејќи повторно ќе го гледаме во Премиер лигата. Еверто, пак, не може да се пофали дека добро си ја завршил работата, на толку вложени пари, 9-то место на табелата не е успех. Но, можат да се поправат во последните три кола од првенството. Седмото место, кое засега му припаѓа на Вулверхемптон, им бега само четири бода, а што подобар пласман носи и поголема заработка, па ете за тоа може да се бори Евертон.

Двете екипи се во идентична форма, имаат по три победи, еден пораз и по едно реми од последните пет натпревари во Премиер лигата, а Барнли ги доби двете од последните три меѓусебни пресметки против „карамелите“, така што нов гостински триумф на „Гудисон“ нема да биде некое изненадување.

Предлог тип:  ГГ3+ (2.22)

 

Мајнц – Лајпциг (20:30 часот – Бундеслига, 32-ро коло)

Со шесте последователни победи Лајпциг ја потврди третата позиција на табелата и во следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Но, ако ја завршиле задачата, не значи дека сега треба да потфрлуваат, ќе биде убаво да го продолжат овој победнички ритам. На Мајнц не му се потребни бодови, но секои нови три бода без размислување ќе ги земат доколку имаат можност за тоа.

Лајпциг победи на три од петте средби против Мајнц, но кога последен пат гостуваше на „Опел арената“, загуби со убедливи 3-0, така што вечерва треба да бидат внимателни да не им се повтори дебаклот од лани.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.75)

 

- Оглас -

Најнови вести