Барселона не го заборави Лазаров и го дочека со специјална порака

Кирил Лазаров четири години го носеше дресот на Барселона, а во 2017 година, направи трансфер во Нант. Иако поминаа две години како не е дел од каталонскиот гигант, навивачите не го заборавија капитенот на македонската репрезентација.

На синоќешниот меч меѓу Барселона и Нант, на трибините во „Палау Блауграна“ беше истакната една парола, на чија позадина беше македонското знаме. „Идол на сите генерации“ пишуваше на транспарентот, кој беше во чест на Лазаров. Кире овојпат како ривал, загуби од Барселона (29:26) и со неговиот Нант нема да патуваат на фајнл фор завршницата во Келн, но сепак доби пречек како што заслужува една голема ѕвезда како него.

Навивачите на Барселона ја искористија шансата и да се фотографираат со Лазаров, кој сигурно уште долго време ќе го памтат како еден од најдобрите играчи на каталонскиот гигант во последните години.

Покрај Барселона, на Ф4 во Келн место си обезбеди и Веспрем во чии редови настапува Дејан Манасков. Унгарскиот тим во четвртфиналето го елиминираше Фленсбург.

Денеска ќе бида тпознати преостанатите два учесници на Ф4 во Келн. Нашиот првак Вардар ќе брани предност од осум гола (31:23) против ПИК Сегед, додека ПСЖ во Париз ќе се обиде да надополни негатива од 10 разлика против Келце (34:24).

 

- Оглас -

Најнови вести