„Волчицата“ брка победа за да го намами Мурињо да им биде тренер

Хадерсфлд – Манчестер јунајтед (15 ч.)

Манчестер е во тешка криза, но одлична можност да се прекине лошата серија е гостувањето кај Хадерсфилд. Тимот кој оддамна е испаднат од Премиер лигата има осум порази по ред. Во оваа низа порази, Хадерсфилд прими вкупно 24 голови, односно точно во просек по три на меч.

„Црвените ѓаволи“ се во голгетерска криза, но Хадерсфилд е екипа која едноставно лесно треба да се помине.

Предлог тип: Т21+I&1+II (2.10) – Квота на денот во Sport Life

 

Арсенал – Брајтон (17 ч.)

„Топчиите“ кога треба да бркаат победи за да стигнат до позиција која води во Лигата на шампионите, тогаш разочаруваат. Три порази во низа, односно четири неуспеси во последните пет кола е очаен биланс за еден ваков клуб. Брајтон има само два бода во последните седум меча, што значи дека е вистински противник за Арсенал конечно да се израдува.

На четири од последните пет меѓусебни средби двете екипи даваат голови, што значи дека и сега може да се очекува офанзивна игра.

Предлог тип: T12+&ГГ (2.65) – Квота на денот во Sport Life

 

Уеска – Валенсија (20:45 ч.)

Уеска е бетонирана на дното на табелата во Примера дивисион, но интересно е што „фенерџијата“ нема пораз на последните шест меча (пет реми и една победа). За Валенсија влогот на овој меч е голем. Три бода ќе значи чекор поблиску до четвртото место на табелата, кое ќе им обезбеди позиција во Лигата на шампиони за следната сезона.

„Лилјаците“ се намачија на првата средба сезонава со овој ривал и победија со 2:1. И овојпат се очекуваат погодоци, а предноста е на страната на гостите.

Предлог тип: X2&2-4 (2.10) – Квота на денот во Sport Life

 

Реал Мадрид – Вилјареал (16:15 ч.)

Домаќините немаат апсолутно никаков мотив за игра. Реал ја има една од најлошите сезони во последните неколку години и сите едвај чекаат да заврши. Тренерот Зинедин Зидан сега често прави ескерименти во стартните 11, па така ќе биде и овојпат, кога нема да играат неколку стартери. Бензема и Рамос се повредени, а на клупата за резерви треба да останат Бејл и Модриќ.

Вилјареал е еден од ретките клубови кои може да се пофали со добар биланс против Реал во последните неколку меча. По две победи на двата тима и четири нерешени средби е билансот од последните осум пресметки. „Жолтата подмотница“ лани победи со 1:0 на „Сантијаго Бернабеу“, а и сега им се многу потребни три бода за бидат подалеку од зоната за испаѓање.

Сепак, Реал сигурно нема така лесно да распродава бодови пред своите навивачи, па се очекува интересен дуел.

Предлог тип: 1X&0-3 (2.10)

 

Џенова – Рома (18 ч.)

Џенова има само една победа во последните 10 кола во Серија А и затоа падна кон зоната за испаѓање. Рома брка триумф за да остане со реални шанси за четвртото место. Двете екипи не обрнуваат многу внимание на одбраната, често примаат погодоци, а и традицијата од меѓусебните средби е дека треба да е ефикасно.

Интересно е што неодамна излезе шпекулација дека Рома за следната сезона за нов тренер го чека Жозе Мурињо, но единствен услов на Португалецот е тимот да игра во ЛШ, што е мотив повеќе за „римската волчица“ да победува до крајот на ова првенство.

Предлог тип: 1-3 I&1-3II (1.83)

 

 

- Оглас -

Најнови вести