Мурињо го чека тригодишен договор во Рома, но тој има еден услов

Жозе Мурињо уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата. Португалскиот стратег најави дека летоска сигурно ќе се врати на тренерската клупа, но не се знае неговиот клуб. Според најавите од Италија, Мурињо е многу блиску до враќање во Италија и тоа како предводник на Рома.

Римската волчица неодамна на клупата го доведе Клаудио Раниери, но многу извесно е дека тој нема да остане таму по завршување на сезоната, бидејќи челниците на клубот не се задоволни од неговата работа. Со Мурињо има контакти, дури се најавува дека за него е подготвен тригодишен договор, но Португалецот има еден услов за да може да се случи тој да дојде на „Олимпико“.

Рома мора да ја заврши сезоната меѓу првите четири на табелата, со што ќе обезбеди и место во Лигата на шампиони. Доколку римскиот гигант не успее да игра во елитната лига на УЕФА, Мурињо нема да се нафати да го води клубот. Засега Рома е на петото место сна табелата со 58 бодови, еден помалку од четвртопласираната Аталанта, додека Интер на третото место има 62 бодови. Меѓу конкурентите за третото и четвртото место се и Торино со 57 бодови, Милан со 56 и Лацио со 55 бодови.

Тренерот на Рома, Раниери, вчера даде скандалозна изјава дека против неговиот клуб постои заговор да не биде на четвртото место, а Лацио е подготвен дури и да не одигра како што треба против Аталанта, само да не се случи градскиот ривал да дојде до место кое води во ЛШ.

Рома утре гостува на Џенова на капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев и мора да победи ако сака да остане со реални шанси за посакуваното четврто место.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести