Еднаш вардарец, секогаш вардарец – Џамбо Милиќ даде поддршка од трибините (фото)

Вардар е љубов нераскинлива, ниту може да се преболи. Така може да се опише присуството на Страхиња Милиќ на трибините во салата „Вароси“ во Сегед.

Поранешниот голман на Вардар беше меѓу гостинските навивачи и ги бодреше црвено-црните кои по третпат во клупската историја ќе играат на фајнл-форот во Келн. Вардар загуби со 29-25 од Пик Сегед, но сепак се пласираше на Ф4 поради поубедливата победа од првиот меч во Скопје.

Инаку, популарниот Џамбо беше член на Вардар од 2012 до 2018 година, а воедно беше дел од шампионскиот тим кој ја освои Лигата на шампионите во 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести