Вардар повторно на фајнл фор: Одиме на нова титула во Келн!

Вардар го положи големиот тест во Сегед иако поразен се враќа од Унгарија. Радоста е за ракометарите во црвено-црни дресови бидејќи македонската гордост е последниот тим кој се пласираше на фанјл форот во Келн. За Пик Сегед не беше доволно што победи со 29-25 бидејќи Вардар имаше предност од осум гола по првиот четвртфинален дуел кој се одигра во Скопје и заврши со конечни 31-23.

Иако домаќините играа одлично во првото полувреме и имаа +8 по првите 30 минути, тоа не ги демотивираше ракометарите на Роберто Парондо, туку напротив. Вардарци како преродени влегоа во одлучувачкото полувреме, а со една фантастична серија од 6-0 дојдоа на -2 гола разлика.  При резултат од 26-24 по 50-тата минута, јасно беше дека Вардар ќе биде тимот кој ќе се радува дури и на пораз во Унгарија. Се разбрани и Милосављев, а сè што им одеше во полза на Пик Сегед во првиот дел, беше залудно на крајот.

Карачиќ со 8 гола беше најефикасен од редовите на Вардар, а со 5 гола заврши Криштопанс. Бахинди со 7, односно Бомбач со 6 погодоци беа најефикасни за Пик Сегед.

Вардар им се приклучи на веќе пласираните Барселона, Веспрем и Кјелце, тие се четирите екипи кои ќе ги гледаме во Келн во борбата за престижниот пехар.

 

- Оглас -

Најнови вести