Валтери Ботас со најголеми шанси да слави на трката во Барселона

Валтери Ботас од Мерцедес ќе тргне од пол-позицијата на утрешната трка од Формула 1 шампионатот во Барселона, откако со рекорд на патеката ја уништи конкурецијата. И овие квалификации покажаа дека сезонава во Ф1, Мерцедес е доминантен, и оти борбата за титулата ќе биде меѓу двајцата пилоти на Мерцедес, а не на некој од „сребрените стрели“ против некој од Ферари или Ред Бул.

Зад Ботас, од првиот ред ќе тргне и неговиот клупски колега Луис Хамилтон, кој во квалификациите имаше дури 6 десетинки послабо време од најбрзиот, или поточно 634 илјадитинки заостанување. Трети беше Себастијан Фетел кој со своето Ферари, најдобриот круг што го имаше беше за 866 илјадитинки послабо време од Ботас.

Утрешната трка која можеби е последна во Барселона, се вози од 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести