Кога ќе се спомене името Никола Калиниќ, на некои прва асоцијација им е хрватскиот фудбалер, некои прво помислуваат на српскиот кошаркар со тоа име и презиме, сега во светот на врвниот спорт се појави и трети Никола Калиниќ, а овој е Канаѓанец.
Канадскиот Калиниќ беше драфтуван од страна на клубот Хамилтон тајгер кетс, професионален канадски тим во американски фудбал, а го нарекуваат „големиот Србин“. НФЛ тимоѕ Бафало билс му испрати покана на Калиниќ за учество на нивниот мини-камп, и ако се докаже, може да го ангажираат.
Калиниќ досега играше за Универзитетот Јорк лајонс од Онтарио. Стручњаците сметаат дека е еден од подобрите во неговата генерација.