Серена Вилијамс поради повреда се откажа од настап на ВТА-турнирот во Рим, по што пропадна најавеното дерби со постарата сестра Венус, по пауза од 21 година во Вечниот Град.
Мечот што требаше да биде дерби на второто коло беше закажан за утре, но нема да се игра поради повреда на Серена.
Повторно ја мачи коленото, и тоа во незгоден момент само на две седмици до стартот на вториот гренд слем во сезоната, Ролан Гарос во Париз.
„Немав избор и морав да се откажам од настап на турнирот во Рим. Ми е жал за публиката која секогаш ме подржува на турнирот, а особено ми е жал што нема да играм против Венус. Сепак, морам да мирувам и да се обидам да го надминам проблемот со коленото и да бидам подготвена за настап на Ролан Гарос, рече Серена.
Венус без битка се пласира во осминафиналето на турнирот, а последен пат играше против Серена во Вечниот Град во 1998 година.