Лионел Меси е најплатениот фудбалер на светот со годишен приход од 130 милиони евра, а „Трансфермаркет“ објави интересен податок дека во Топ-10 најплатени играчи дури девет играат, или настапувале во шпанската Ла Лига.
По волшебникот од Барса, на листата најплатени очекувано е Кристијано Роналдо, кој има годишна плата од 113 милиони евра. Популарниот ЦР7 е единствениот на листата од петтмината најпатени играчи што според проценката на „Трансфермаркет“ заработува повеќе отколку што му е вредноста на фудбалскиот пазар во моментов.
Проценет е на 100 милиони евра, иако честопати податоците на „Трансфермаркет“ испаѓаат и погрешни, дури и со голема разлика во одредената вредност, со таа што клубовите ја плаќаат за купување на играчите.
Само Меси и Роналдо според објавените податоци се над стотката во милиони евра годишна заработка, а зад нив следат Нејмар со 91.5 милони евра што му ги исплаќа ПСЖ, потоа е Антоан Гризман со 44 милиони евра од Атлетико Мадрид, Герет Бејл од Реал Мадрид со 40.2 милиони евра, Андрес Иниеста со 33 милиони евра годишна плата во јапонскиот Висел Кобе, скапата инвестиција на Манчестер јунајтед, Алексис Санчес со 30.7 милиони евра, Филипе Кутињо од Барса со точно 30 милиони евра, Езекил Лавеци, кој добива годишно од кинески Хебеи 28.3 милиони евра и Луис Суарес од Барселона со 28 милиони евра на годишно ниво.
Само Лавеци од сите овие фудбалери нема настапувано во Шпанија, а во Топ-10 Барселона како клуб има најмногу играчи, дури тројца активни, или точно шестмина кои го носеле дресот на актуелниот шпански првак.