Кристијано бара Анчелоти да биде тренер на Јувентус

Фудбалерите на Јувентус дојдоа на денешната прес-конференција на која Масимилијано Алегри се прости од клубот, а силен сигнал околу тоа кој би можел да биде неговиот наследник на клупата, е информацијата на италијанските медиуми дека ѕвездата Кристијано Роналдо побарал да биде ангажиран Карло Анчелоти.

Анчелоти беше тренер на Јуве од 1999 до 2001 година, а во 2014 година, заедно со Роналдо му ја донесоа десеттата европска титула на Реал Мадрид. Сепак, дали 59-годишниот Анчелоти ќе сака да си замине од Наполи и да прејде во Јуве, е големо прашање. Договорот со наполитанците на Карло е до јуни 2021 година.

„Би им се заблагодарил на играчите за сето тоа што ми го даваа во петте години. Јувентус има тим со потенцијал во следната сезона да ги освои и Серија А и Лигата на шампионите. Утре ќе имам две причини за славје, едно е скудетото, а друго е простувањето на Барѕаљи“ – рече Алегри кој освои 11 трофеи како шеф на стручниот штаб на „старата дама“.

- Оглас -

Најнови вести