Мароканецот Хаким Зијех, кој го привлече вниманието со игрите во Ајакс, би можело кариерата да ја продолжи во еден друг клуб кој има црвено-бел дрес како амстердамскиот, а тоа е премиерлигашот Арсенал. Одговарајќи на прашања од навивачите во 2017 година заедно со Џастин Клајверт, 26-годишниот Зијех кажа дека трансфер од соништата би му бил ако премине во Барса или Арсенал.
Сезонава Зијех на 49 меча даде 21 гол, имаше 24 асистенции и беше еден од главните играчи на тимот кој освои двојна круна во Холандија и стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите.
Интересно е што Зијех кажа и дека омилен играч му е Месут Озил и дека тој не е ниту блиску до нивото на турскиот Германец. Но, тоа беше пред две години, според моментната форма, не е баш така. Доколку „топчиите“ го купат Зијех, тој би можело да биде соиграч на Озил или да ја наследни неговата десетка.
За Зијех се интересираат и други големи клубови од европскиот врв, а цената е околу 30 милиони евра.