Легендарниот Аргентинец Габриел Батистута е на прагот на почеток на тренерска кариера, а прв клуб што би го водел од клупата е Мидлсбро.
Раководството на англискиот второлигаш му нуди на популарниот Батигол да биде тренер во обид заедно да се обидат да стигнат до Премиер лигата.
Мидлсборо во последното коло за влакно не успеа да се протне во плејофот за влез во највисок ранг во Англија, потоа се раздели со менаџерот Тони Пулис, а сега сака да го ангажира Батистута.
Аргентинецот имаше прекрасна фудбалска кариера, особено добро играше за Фиорентина и на 269 натпревари за „виолетовите“ постигна 168 голови. Претходно играше за двата аргентински гиганти Ривер плејт и Бока јуниорс, а во Италија настапуваше и за Рома и Интер. Последен клуб му беше кувајтскиот Ал-Араби.
За националната селекција на Аргентина има 77 меча со постигнати 54 гола.