Борусија Дортмунд го претстави првото официјално засилување за овој преоден рок, од редовите на Хофенхајм пристигна германскиот репрезентативец Нико Шулц, за кого Милионерите исплатија околу 30 милиони евра. Шулц потпиша важечки договор до јуни 2024 година.
Шулц е еден од трите најавени трансфери на Дортмунд за новата сезона, се очекува пристигнување на Торган Азар од Борусија Менхенгладбах, додека се работи на трансферот на Jулијан Брант од Баер Леверкузен.
https://twitter.com/BVB/status/1130752598200455168
Дваесет и шестгодишниот лев бек, кој може да игра и како повлечено крило, изминатава сезона се истакна како еден од подобрите играчи во тимот на Хофенхајм, по што заслужено доби повик од Јоаким Лев во сениорската селекција на Панцерите.
Шулц е меѓу најбрзите играчи во Бундеслигата (достигна максимална брзина од 35 км/ч), a настапи на 30 натпревари во кои учествуваше вкупно во седум погодоци (еден гол и шест асистенции).