Роналдо го провозе новиот „ѕвер“ вреден милион долари наречен по легендарниот Аиртон Сена (Видео)

За Кристијано Роналдо и останатите играчи на Јувентус, сезоната заврши уште во оној момент кога беа елиминирани од Ајакс, во четвртфиналето од Лигата на шампиони. По тој неуспех, Роналдо можеше малку порелаксирано да го доигра првенството на Италија, каде беше јасно дека Јувентус повторно ќе се радува на трофејот.

Иако немаше претерано успешна сезона, Роналдо не пропушти да се почести со нов луксузен автомобил. Португалецот во својот возен парк има автомобили кои вредат неколку десетини милиони долари, но тоа не беше проблем да донесе уште еден „ѕвер“.

Се работи за Мекларен Сена, кој вреди точно еден милион долари. Автомобилот е наречен по легендарниот Ф1 возач Аиртон Сена. Во овој автомобил има 4-литарски твин турбо В8 мотор кој произведува 789 коњски сили. Роналдо едноставно периодов е фокусиран на лудите брзини. Тој беше во Монако да го посети Луис Хамилтон, кој денеска од 15 часот со својот Мерцедес е главен фаворит за освојување на пол позицијата, пред утрешната трка.

На својот инстаграм профил, Роналдо не пропушти да се пофали како го вози новиот автомобил.

Како потсетување, во Sport Life уште помалку од една недела трае Типстер Купот (30 мај), а потоа најдобрите типстери ќе се пласираат во финалето, каде ќе се борат за освојување на главната премија, автомобил „Пежо 308“. Сезонава веќе беше доделен еден ваков автомобил, а заврши во Кочани.

 

- Оглас -

Најнови вести