Хамилтон ги израдува Кристијано Роналдо и син му (Видео)

Формула 1 тимовите веќе се преселени во Монако, каде се прават последните подготовки за една од најатрактивните трки во сезоната. Актуелниот првак Луис Хамилтон вчера имаше посета и тоа не било кој. Кристијано Роналдо и син му Јуниор го посетија британскиот возач и му посакаа среќа пред трката.

Возачот на Мерцедес е голем фаворит за освојување на првото место в недела. Хамилтон кој е познат по тоа што речиси на никого не му дозволува да влезе во неговиот болид, овојпат направи исклучок. На изненадување на Кристијано, Луис му дозволи на Кристијано Јуниор да влезе во болидот и да види како изгледа да си Ф1 возач.

Утре попладне се квалификациите за трката во Монако, а во Sport Life обложувалниците имате комплетна понуда. Хамилтон е прв фаворит за триумф.

Како потсетување, во Sport Life уште помалку од една недела трае Типстер Купот (30 мај), а потоа најдобрите типстери ќе се пласираат во финалето, каде ќе се борат за освојување на главната премија, автомобил „Пежо 308“. Сезонава веќе беше доделен еден ваков автомобил, а заврши во Кочани.

 

- Оглас -

Најнови вести