Баерн и Барселона треба да докажат зошто се доминантни

Спортинг – Порто (18:15 ч.)

Големите ривали гледаа како Бенфика се радуваше на титулата во првенството, но сега имаат шанса и тие да се закитат со медал и тоа во Купот на Португалија. Сезонава веќе играа три пати, а интересно е што Спортинг ниеднаш не се радуваше по 90 минути игра. Во првенството Порто има победа од 2:1 и реми 0:0, а во Лига купот, дуелот заврши 1:1, но Спортинг се радуваше на крајот по подобро изведување на пенали. Нема да биде ништо чудно ако и овој меч се решава дури и во пенал-рулетот.

Предлог тип: Т1 1-2 (1.75) – квота на денот во Sport Life

 

Баерн Минхен – Лајпциг (20 ч.)

Најтрофејниот германски клуб ја „спаси“ сезоната, откако успеа да го одбрани тронот во Бундес лигата, а вечерва има шанси за двојна круна. Лајпциг е противник кој знаел да создаде проблеми на баварците, а тоа се покажа и на последниот меч кој го одиграа пред две недели, кога средбата заврши 0:0.

Сепак, кога се работи за дуел за трофеј, Баерн секогаш е посебно инспириран. Играчите на Нико Ковач уште ги држи шампионското славје, а сега се фаворити за да донесат уште еден трофеј на „Алијанц Арена“.

Предлог тип: 1Х&3+ (2.00) – квота на денот во Sport Life

 

Барселона – Валенсија (21 ч.)

Кога се работи за Купот на Шпанија, Барселона е клубот кој доминира. Каталонците имаат 30 титули, а плус уште 10 пати играле во финалето, што е неверојатен податок. Вечерва на неутрален терен во Севилја, Барселона за ривал ја има Валенсија.

„Лилјаците“ сезонава во двата меча против шпанскиот првак немаат пораз (1:1, 2:2), но факт е дека во последните 29 меѓусебни средби, Валенсија има само две победи. Како утеха за шокантната елиминација во полуфиналето од Лигата на шампиони, Барселона ќе бара во Куп трофејот.

Предлог тип: 1-1 (2.60) – квота на денот во Sport Life

 

Хартс – Селтик (16 ч.)

Во текот на целата сезона во Шкотска, Селтик беше доминантен и заслужено стана првак. Хартс е тим кој заврши дури на шестото место во шампионатот и е голем аутсајдер во финалето на Купот. Интересно е што овие два клуба играа пред само неколку дена и тоа во последното коло од првенството. Селтик победи со 2:1.

И сега се очекува Селтик да стигне до трофејот и тоа во меч на кој ќе има барем три погодоци.

Предлог тип: 2-2 3+ (2.80)

 

Валеренга – Лилесторм (18 ч.)

Додека во најголем дел од европските првенства се става крајот на возбудувањата, во Норвешка викендов се игра 10-тото коло. Валеренга се наметна како тим за висок пласман и има само два порази досега, додека Лилесторм со две победи во досегашните девет дуели е во долниот дел од табелата.

Пред своите навивачи Валеренга сезонава е перфектна и во четири меча има четири победи со само еден примен гол. Лилесторм нема триумф на гости. Домаќините треба да победат во меч со голови во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.82)

 

- Оглас -

Најнови вести