Торонто нема да пропушти меч топка за историско финале во НБА

Торонто репторс – Милвоки бакс (НБА, 02.30 часот)

Кошаркарите на Торонто покажаа цврст карактер и екстра квалитет и серијата во која беа аутсајдери и имаа негатива од 0-2 со три победи по ред ја доведоа до меч топка на свој терен.

Во петтиот меч направија брејк и сега имаат голема шанса да се пласираат во големото финале на НБА лигата.

Чудесно изгледа трансформацијата во играта на Репторс по стартните два порази од најдоброрангираната екипа во Лигата.

Екипата од Торонто одигра фантастични три меча по ред, им покажа на Бакс како се игра колективна одбрана, а главниот адут на Елените, Јанис Адетокумбо влета во тимската стапица на ривалот.

Двете екипи се изедначени по квалитет, си имаат свои адути и многу работи и ноќеска во мечот што може да биде финален во финалето на Источната конференција ќе го одлучуваат нијанси.

Сепак Торонто е во опасен налет, победи трипати по ред и типуваме дека ќе патува во финалето на мегдан против шампионот Голден стејт вориорс.

Предлог тип: 1 (1.90) Супер тип на Sport Life

 

Кавај Ленард (Торонто репторс – Милвоки бакс, НБА, 02.30 часот)

Кавај Ленард е клучот на успехот на Торонто репторс, а ол-стар кошаркарот игра беспрекорно. Милвоки нема играч што може да го сопре во игра еден на еден, а Ленард е исклучително квалитетн и искусен кошаркар и ги користи сите слабости на ривалот.

На моменти личи дека си поигрува со противниците, а тоа што го прави комплетен играч е и одлилната игра во одбрана. Може да чува секого во НБА лигата, го принуди Јанис во директните дуели често да промашува, а статистиката покажува дека Адетокумбо има многу понизок просек во ударите од поле кога Ленард му е директен противник.

Во серијата против Милвоки Ленард има извонреден просек од над 30 поени, а и ноќеска од него се очекува да блеска и да го одведе Торонто во првото и историско финале за оваа екипа.

Предлог тип: Ленард >30.5 поени (1.90)

 

Јанис Адетокумбо (Торонто репторс – Милвоки бакс, НБА, 02.30 часот)

Еден од кандидатите за МВП наградата во НБА лигата ќе треба да одигра многу подобро и пред се поефикасно од тоа што го прикажува во серијата со Торонто.

Милвоки е на работ на елиминација, па сега грчкиот репрезентативец треба да се истакне и да помогне да се врати брејкот и серијата во Милвоки за евентуална мајсторка.

Јанис премногу солираше на претходниот меч, а Бакс загубија и ја загубија предноста на домашен терен, па сега Торонто има меч-топка на свој терен за финале во НБА лигата.

Границата од 27.5 поени изгледа превисока, бидејќи Адетокумбо само еднаш во петте меча со Торонто успеа да ја надмине, па нашиот тип ќе биде минус поени.

Предлог тип: Адетокумбо <27.5 поени (1.85)

 

Кајл Лаури (Торонто репторс – Милвоки бакс, НБА, 02.30 часот)

Стартниот плејмејкер на Торонто има интересна статистика, а асистенциите од меч во меч во финалната серија му растат. Почна со скромни две, потоа имаше четири, па пет и во последните два меча стаса до шестки.

Токму тука некаде е и границата зад името на одличниот бек на Репторс и за шесттиот меч ноќеска. Лаури треба да има шест асистенции за добивка. Коефициентот е малку поскромен, но вреди да се одигра на тикет, или во евентуален систем.

Ние ќе типуваме дека Лаури ќе има 6, или повеќе прецизни додавања за поени на соиграчите.

Предлог тип: Лаури >5.5 асистенции (1.65)

 

Џорџ Хил (Торонто репторс – Милвоки бакс, НБА, 02.30 часот)

Човекот што беше разменет во трампа на Индијана пејсерс и Сан Антонио за правото на Спарс на драфтот во 2011 да го изберат Кавај Ленард во првата рунда, ноќеска ќе има шанса да помогне Бакс да се обидат да го вратат брејкот и да се изборат за мајсторка.

Хил е веќе ветеран, има 33 години, но има доволно искуство и квалитет да помогне од клупата Милвоки да спречи елиминација при негатива од 2:3 во победи.

Џорџ одигра солидно на последните три натпревари, а типуваме дека ноќеска ќе ја мине границата од 9.5 поени, што е понудена во додатокот за НБА во обложувалниците на Sport Life.

Предлог тип: Хил >9.5 поени (1.80)

 

Фред Ван Флит (Торонто репторс – Милвоки бакс, НБА, 02.30 часот)

Резервниот бек на Репторс беше изненадувањето на Ник Нурс за Милвоки во петтиот меч, во кој Торонто направи брејк. Ван Флит блескаше со 21 поен и 7 постигнати тројки од 9 обиди.

Ноќеска од него се очекува повторно да донесе свежина и ефикасност од клупата, како замена за Кајл Лаури. Човекот што влезе во НБА лигата како недрафтуван кошаркар и ја преживеа метлата во тимот пред две години, сега се покажува како еден од клучните и вистинско тајно оружје на патот на Репторс до големото НБА финале.

Ван Флит е добар шутер и кога му оди лесно може набрзина да наниже поени, па ќе типуваме дека и ноќеска ќе ја мине границата од 7.5 поени.

Предлог тип: Ван Флит >7.5 поени (1.87) 

 

- Оглас -

Најнови вести