Во Данска: Кој ќе победи, оди во Лигата на Европа

Ропс – Хелсинки (17:30 ч.)

Во Финска дури сега ќе се разгори борбата во првенството. Ропс и Хелсинки имаат само по три победи, а гостите се специјалисти за нерешено, досега имаат шест ремија. Кога играат меѓусебе, головите треба да се загарантирани. На 15 од последните 16 меѓусебни дуели имало барем по два гола.

И сега треба да има погодоци, а за тоа најпопуларна е играта да има еден до три погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I&1-3 II (2.10) – квота на денот во Sport Life

 

Брондби – Рандерс (19 ч.)

Меч кој треба да го даде патникот во Лигата на Европа од Данска. Победникот ќе има европско лето, а поразениот оди на одмор. Домаќинот ја има улогата фаворит, но и традицијата е на негова страна. Во последните 12 меѓусебни средби, Брондби се радувал осум пати, а четири дуели завршиле нерешено.

Рандерс последен пат победил против овој ривал во септември 2014 година, и тоа на теренот на противникот со 2:0. Сепак, кога се работи за меч што носи излез во Европа, мотивот е поголем и може да се очекува неизвесен дуел.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.95) – квота на денот во Sport Life

 

Сент Патрик – Корк сити (20:45 ч.)

Домаќинот е фаворит бидејќи е во многу подобра форма и се бори за третото место на табелата, кое води во Европа. Интересно е што Корк сити во 10 гостувања нема ниту еден нерешен резултат. Бидејќи нема голем притисок на двете страни, може да се очекува отворен фудбал, со погодоци во двете полувремиња.

Ако мислите да играте на фикс, домаќинот е поблиску до триумф.

Предлог тип: 1+I&1+II (2.00) – квота на денот во Sport Life

 

Шибеник – Истра (19 ч.)

Ова е прв од двата меча кои треба да решат кој клуб ќе игра во Првата хрватска лига за следната сезона. Гостите од Пула ќе бидат ослабени поради неиграњето на нивниот прв стрелец Рамон Миерез, кој има повреда на мускулот на ногата и е неизвесен дури и за реваншот.

Шибеник се надева дека ќе успее да го победи тимот кој изминатава сезона беше во елитата и дека ќе му го „украде“ тоа место. Точно три години не играле овие два клуба, а последен пат мечот завршил 1:1. И сега не се очекува да има многу погодоци бидејќи има и реванш.

Предлог тип: 0-2 (1.63)

 

Јужна Кореја У20- Аргентина У20 (20: 30 ч.)

Младите таленти на Аргентина веќе се сигурни во нокаут-фазата, додека на Јужна Кореја ѝ е потребен бод за да биде сигурна дека ќе остане во игра на Мундијалот. Според покажаното во првите два меча, Кореја тешко дава, но и тешко прима голови.

Сепак, кога е Аргентина на терен, не може да се очекува да нема голови. Фаворити се „гаучосите“, но можно е да не играат со 100 отсто и да се одморат за следните предизвици, па затоа најдобро е да се одигра на двојна варијанта.

Предлог тип: Х2&1-3 (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести