Новак Ѓоковиќ има едноставен рецепт на Ролан Гарос и победува со ист резултат трипати по ред. Веќе е во четвртата рунда по триумфот без загубен сет и против Салваторе Карузо.
Италијанскиот тенисер се обиде да му пружи посериозен отпор на првиот носител, но не успеа. За нешто повеќе од два часа Ѓоковиќ ја заврши работата и сега го чека победникот од дуелот меѓу Борна Чориќ и Јан Ленард Штруф, меч на кој се игра петти сет.
Понатаму одат и Стен Вавринка, кој го доби продолжението од мечот со Димитров, откако тој дуел беше прекинат при предност на Швајцарецот од 2:0. И денеска пак Вавринка беше подобар во тај-брејк и на трипати со 7:6 го елиминира бугарскиот тенисер.
Пет сета играа Циципас и Краиновиќ, а грчкиот тенисер имаше повеќе нерви и славеше со 3:2, во меч што вчера беше прекинат.
Со 3:2 и Александер Зверев го елиминира Душан Лајовиќ, а Фоњини го доби мечот од третото коло против Баутиста со 3:1.