Талентите на Уругвај бркаат петка во Лублин

КТП – Муса (17.30 часот)

КТП има поголемо реноме од денешниот ривал, а во минатото дури има и освоено две титули во Финска и може да се пофали со еден настап во европските купови.

Клубот на почетокот на овој милениум доживеа банкрот, но успеа да се врати и со мали исклучоци е постојан член на Втората финска лига.

Сезонава играат скромно и се во средината на табелата, а веднаш до нив е и Муса. Двете екипи имаат по 8 бода од шест натпревари, а победа може да ги доближи до горниот дел од табелата.

КТП има само две победи на последните 16 натпревари, што е лош биланс за клуб што го држи рекордот во финската Втора лига по број на продадени билети за еден меч.

Според квалитетот, екипите се изедначени, а мала предност му даваме на домаќинот.

Предлог тип: 1&2-4 гола (1.80) Квота на денот

 

Уругвај У-20 – Еквадор У-20 (17.30)

Ова е единствената јужноамериканска пресметка во осминафиналето на Мундијалито, односно на Светското првенство за играчи до 20 години, а благ фаворит е Уругвај.

Двете селекции играа меѓусебе на континеталниот шампионат на Јужна Америка на почетокот на оваа година, а и двата дуели ги доби Уругвај.

Популарните Уруси немаат пораз од Еквадор на последните шест меча во оваа категорија, нанижаа четири победи, а и денеска се фаворити за пласман во четврт-финалето.

Ова е нокаут-меч, нема поправен испит, па очекуваме да има голови во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-2I&1-2II (2.95) Квота на денот

 

Украина У-20 – Панама У-20 (17.30 часот)

Украинските таленти се поквалитетни од ривалот, имаат неколку играчи од кои се очекува многу во иднина, а главна ѕвезда им е голманот на Леганес, Андреј Лунин. Бранеше на пет меча сезонава во Ла Лига и тој е лидер во тимот.

Засега блеска стоперот на Динамо Киев , Денис Попов, кој е стрелец на два од четирите голови што ги постигна Украина на Мундијалито.

Украинците досега играле на четири Светски првенства за играчи до 20 години и сите четири пати, вклучувајќи го и овој турнир, играле во нокаут фазата и никогаш не успеале да се пласираат во четвртфинале. Сега имаат историска шанса против Панама, веројатно и најскромната по квалитет селекција меѓу 16-те осминафиналисти.

Најдобар стрелец им е резервата Диего Валанта со два гола. Интересно е што на двапати селекторот Валдес имаше одличен инстинкт и веднаш по влегувањето на Валанта беа постигнати два гола, еден против Саудиска Арабија и еден со Мали, и двата клучни за пласман во осминафиналето.

Денеска Украина е фаворит и ќе типуваме дека за првпат ќе се пласира во четврт-финале на СП за фудбалери до 20 години.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

Лонгфорд – Галвеј (18 часот)

Лонгфорд има шанса со победа да му се приближи на Шелбурн само на еден бод во битката за врвот на табелата во втората по ранг лига на Република Ирска.

Двете екипи имаат долга традиција на меѓусебни мечеви, имаат одиграно повеќе од 30, а во последно време билансот им е тука некаде, речиси израмнет.

Но, сега Лонгфорд е во многу подобра позиција, игра одлично на домашен терен и на шест меча има пет победи и само еден пораз со гол-разлика 11:2.

Галвеј нанижа три порази како гостин, а типуваме дека во ефикасен меч ќе си замине и од Лонгфорд без бодови.

Предлог тип: 1&3-5 гола (2.95) Квота на денот

 

 

Сенегал У-20 – Нигерија У-20 (20.30 часот)

Распоредот по групи одлучи да има и едно африканско дерби во осминафиналето на СП за фудбалери до 20 години, а Сенегал во трет обид ќе атакува на прва победа во меѓусебните дуели со врсниците од Нигерија.

Сенегал одигра одлично во фазата по групи и заврши прв пред Колумбија и Полска. Главна ѕвезда во репрезентацијата им е шпицот на Мец, Ибрахима Нијане. Ќе игра во Првата француска лига од следната сезона, а беше стандарден во составот на Мец и еден од најзаслужните за пласманот во највисок ранг на натпревари во Франција.

Нигеријците како една од четирите најдобропласирани трети селекции во групите се протнаа во осминафиналето, но имаат адути за нов подвиг. Сè уште чекаат да проработи главната игла во составот Мајкл Кингсли, кој играше стандардно за италијанскиот второлигаш Перуџа. Имаат и неколку фудбалери што настапуваат во норвешките клубови и двајца што се членови на фудбалските Академии на Манчестер сити и на Борнмут.

Влогот е висок денеска на африканското дерби во Лоѓ, па ќе типуваме дека ќе има продолженија, дури можеби и пенали.

Предлог тип: Х (2.90)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести