Полска е фаворит против Македонија утре од 20.45 часот во Скопје, во првиот меѓусебен меч на двете репрезентации што има резултатско значење и е квалификациски за настап на Европското првенство во 2020 година.
Досега имаме одиграно три пријателски дуели со Полјаците и двапати загубивме, а имаме и едно реми, без победа за Македонија.
Reminiscencje przed eliminacjami #EURO2020 i mecz Macedonia – Polska z 2003 roku. pic.twitter.com/csnbnFJ06a
— Okiem kibica (@kibic17) December 2, 2018
И примавме доста евтини голови, а интересно е што на едниот меч, каде што водевме со 1:0 и можевме да победиме, во 2008 година во Ројтлинген, Германија, Феликс Брих нè оштети.
Досуди пенал за Полска, што Радослав Матушјак го претвори во гол за конечно реми, 1:1. Брих вчера беше во фокусот на вниманието на европската фудбалска јавност со една од најконтроверзните одлуки во историјата на фудбалот. Прво досуди пенал за Португалија, а потоа провери со помош на ВАР-системот, ја смени одлуката и покажа на белата точка за Швајцарија.
Утре ќе ни суди Џанлука Роки, кој е судија во подем и е одличен арбитер, а за потсетување како беше на сите три пријателски дуели меѓу Македонија и Полска, погледнете ги видеоматеријалите.