Растат маките на Нејмар – Му откажуваат спонзорите

Нејмар има се поголеми маки по обвинувањето дека ја силувал бразилската манекенка Мендеш де Соуса, а веќе почнаа да се повлекуваат спонзорите.

„Мастеркард“ е прв што објави дека нема да соработува со Нејмар, иако веќе се подготвуваше рекламен спот со фудбалерот на ПСЖ во главна улога.

Капак на сè е повредата на Бразилецот на пријателскиот дуел со Катар, што се одигра утринава, а и информациите дека поради психички притисок дури е можно Нејмар да не игра на Копа Америка.

Бразил е домаќин на континенталниот шампионат што ќе се игра од 14 јуни до 7 јули.

- Оглас -

Најнови вести