Се појави видео од обидот за силување на Нејмар (видео)

Пред неколку дена ѕвездата на ПСЖ и Бразил, Нејмар, беше пријавен за обид за сексуален напад од страна на една жена. Инцидентот се случил во хотел во Париз минатиот месец, а жртвата на која сега веќе ѝ се знае и идентитетот, Нажила Триндаде, го пријавила случајот во полициска станица во Сао Пауло.

Најскапиот фудбалер на светот потоа се обиде да се оправда од овој злочин со објавување на разговори и фотографии со Нажила. Иако според тврдењата на жртвата дека Нејмар бил под дејство на алкохол и ја нападнал, во следниот видеоприлог се гледа дека Нажила е таа која прва ја започнала расправијата, додека Нејмар се обидуваше да ја смири ситуацијата.

Што се случувало понатаму засега останува непознато, дали Нејмар оваа расправија ја решил на насилен начин или не, ќе покаже самата истрага.

- Оглас -

Најнови вести