Илија Несторовски нема дилема дека Македонија повторно ќе игра отворено, напаѓачки и на победа и против Австрија, а сега посакува да имаме малку повеќе среќа.
„Да не ни се повтори Полска, да загубиме без шут на нашиот гол. И сега не сум сигурен дека Пјонтек ја допре топката, но примивме гол и загубивме несреќно. Ќе го прегрмиме и незаслужениот пораз и повторно ќе се обидеме да ги задоволиме сите вкусови на нашите навивачи, но и да забележиме добар резултат“, изјави Илија Несторовски.
Од него се очекуваат голови, а го чека првиот погодок во дресот на репрезентацијата годинава. Досега популарниот Несто-гол 8 пати ги тресеше противничките мрежи во дресот со национални симболи.