Фенербахче стартуваше со победа од 97-72 над Гран Канарија во новата сезона во Евролигата. Избраниците на Жељко Обрадовиќ не им оставија ниту малку простор на гостите, уште во првите 10 минути ја направија сигурната предност до +12, која во текот на средбата само ја зголемуваа.
На паузата се замина со 49-35 во корист на тимот од Истанбул, а во продолжението „фенерџиите“ своевремено остварија и највисоко водство од +27.
Најзаслужен за победата беше Јан Весели, кој реализираше 19 поени, Калиниќ заврши со 15 поени, по 12 додадоа Датоме и Ловерн. За гостите најефикасен со 13 поени беше Еванс, додека Пасечник заврши со 12 поени.