Феноменален меч за победа на Италија против Шпанија (Видео)

Италија, која е домаќин на Европското првенство за играчи до 21 година, се радуваше на драматична победа во дерби-дуелот против Шпанија. Аѕурите победија со пресврт откако гостите први постигнаа гол. Црвената фурија поведе со фантастичниот погодок на играчот на Реал Мадрид, Дани Себалјос во деветтата минута.

Тоа не ги збуни домаќините, кои тргнаа да израмнат. Тоа се случи во 36-тата минута, кога Федерико Кjеза погоди за 1:1, што беше резултат од првиот дел. Кjеза беше играчот кој повторно донесе голема радост за домаќините, и тоа во 64-тата минута. Со својот втор погодок на овој меч, Кjеза ја доведе Италија во предност од 2:1. Сите дилеми околу победникот ги реши Пелегрини со голот од пенал во 82-рата минута, за 3:1 за Италија.

Во вториот денешен меч, Полска со 3:2 ги победи врсниците од Белгија.

https://youtu.be/m8y51KVZm9E

- Оглас -

Најнови вести