Црвено-белите при резултат од 74-75, имаа напад за победа и титула, а тој успешно го заврши Били Берон. Меѓутоа, од повторената снимка јасно се гледа дека кошаркарот на Ѕвезда при положувањето направи еден чекор повеќе од дозволените два, но судиската тројка тоа не го забележа и кошот беше признат.
На многу нерегуларен начин, но среќен за Ѕвезда, избраниците на Mилан Томиќ ја одбранија титулата и по петти пат во низа станаа шампиони на Србија.
Poslednji napad, pogodak, Crvena zvezda je odbranila titulu prvaka Srbije. pic.twitter.com/KieIKQcZ0Y
— Pavle Knežević (@PavleKn) June 17, 2019