Драма во „Пионир“, Берон во последниот напад ја направи Ѕвезда старо-нов првак

Црвена ѕвезда петти пат во низа е шампион на Србија откако во четвртиот дуел против Партизан триумфираше со 76:75. Во финалната серија од српската кошаркарска лига, Партизан како домаќин целеше на израмнување во обидот да се изнуди мајсторка, и беше многу блиску до тоа, но сонот му го урна Били Берон. Кошаркарот на Црвено-белите ги искористи последните 13 секунди од мечот и ги постигна најважните поени со кои ја донесе титулата за Ѕвезда.

Во крајно неизвесната пресметка, резултатот константо се менуваше во полза на двете екипи, иако Партизан подобро ја отвори средбата.

Кошаркарите на двете екипи на осум минути пред крајот се соочија со прекин на мечот, поради што гром удри на кровот од салата „Пионир“ и протече вода на паркетот. При резултат од 56-55 во корист на Партизан, прекинот траеше повеќе од половина час, а откако двете екипи се вратија на паркетот драмата продолжи.

Се играше кош за кош до самиот финиш, со тоа што Берон го искористи нападот за титула на 13 секунди до крај и со положување ја донесе третата и клучна победа на Ѕвезда за титулата.

- Оглас -

Најнови вести