Тринкиери: Заслуживме мајсторка, очигледно беа чекори

Вчерашната драма во „Пионир“ заврши со сомнителна победа на Црвена ѕвезда по клучната реализација на Били Берон во последните секунди од мечот против Партизан. Кошаркарот на Црвено-белите направи очигледна грешка во чекор при положувањетоно судиите тоа не го видоа и кошот беше признат, со кој Ѕвезда се радуваше на триумф од минимални 76:75 и нова титула во српскиот шампионат.

По мечот, тренерот на Партизан, Андреа Тринкиери, истакна дека неговите кошаркари не заслужија да загубат на овој начин, а не сакаше да коментира зошто судиите не реагираа при грешката на Берон, иако беа очигледни чекори.

„Прво, му честитам на тимот на Ѕвезда за освоената титула. Финалната серија ја добија на индивидуални предности. Цело финале беше фантастично, траеше седум дена, а мене ми се чинеше дека играме 70 години. Околу последниот кош на противникот немам многу што да кажам, само дека беа очигледни чекори. Но, што можам јас да сторам? Не е моја работа да проценам дали кошот е регуларен или не. Во вакви ситуации треба да си многу похрабар да се помириш со ваков пораз отколку на нерегуларен начин да ја славиш титулата. Не можам да ги критикувам моите играчи. Сите дадоа максимум. Изгубивме, но не се чувствуваме поразено. Се боревме до самиот крај, на крајот ни недостасуваше нешто, а тоа не е храброст. Според мене, заслуживме да играме мајсторка, но тоа нема да се случи“, истакна Италијанецот.

Од таборот на Партизан веднаш по мечот поднесоа жалба и побараа преигрување на четвртиот меч, а за тоа денес се очекува одлука, но шансите да се преигра финалната средба се многу мали.

 

- Оглас -

Најнови вести