Шеикот од Катар го изгуби трпението со Нејмар, па најави дека Бразилецот може да си замине од Пари Сен Жермен доколку за него пристигне соодветна понуда. Нејмар пред две години дојде на „Паркот на принцовите“ за сума од 222 милиони евра, што е светски рекорд за трансфер на еден играч.
Според најавите од Франција, ПСЖ нема да го продаде Нејмар ако некој клуб не плати 300 милиони евра. Тоа е речиси неверојатно, но затоа пристигнуваат интересни понуди од Барселона и Реал Мадрид. Кралскиот клуб е последен во низата на понуди за Нејмар.
Мадридскиот гигант е подготвен да плати 130 милиони евра, плус да ги даде Герет Бејл или Џејмс Родригез во ПСЖ.
Барселона нудеше слична комбинација на пари и играчи. Каталонците даваа 100 милиони евра, плус Дембеле или Кутињо, но таа опција беше одбиена од ПСЖ.
Реал Мадрид уште од 2013 година се обидува да го добие Нејмар. Кога Бразилецот се селеше од Сантос во Европа, Барселона успеа да го добие неговиот потпис пред големиот ривал. Сега повторно Барса и Реал се во трка за Нејмар од ПСЖ.