Екипата на Еурофарм Работник ќе игра во Ц групата од групната фаза од Лигата на шампиони, каде за противници ќе ги има Савехоф, Татран Прешов, Кокс, Бидасоа и Спортинг. Ова беше одлучено на денешната ждрепка во Виена.
Во Д групата ќе играат: Динамо Букурешт, Чеховски Медведи, Кадетен Шафхаузен, Кристијанштад, Висла Плоцк, ГОГ.
Групната фаза во Лигата на шампиони ќе започне на 11 септември.