Милан договoри играч на Реал Мадрид

Тео Ернандес е на чекор до трансфер во Милан. Италијанските медиуми пренесуваат дека челниците на Росонерите ги договориле условите за доведување на играчот кој има настапи за младинската репрезентација на Франција. Тео е играч на Реал Мадрид, кој минатата сезона ја одигра како позајмен играч во Сосиедад.

Од трансферот на овој играч, Реал треба да заработи 20 милиони евра, но парите ќе бидат префрлени дури следното лето. Тео во првата сезона ќе игра како позајмен играч на „Сан Сиро“, а потоа ќе го биде комплетиран четиригодишниот договор, според кој играчот ќе заработува 1,8 милион евра по сезона.

Милан денеска и официјално доби потврда од УЕФА дека е исфрлен од настапите во Лигата на Европа. Росонерите сами побараа да бидат исфрлени, за да може да добијат финансиска стабилност.

 

- Оглас -

Најнови вести