Официјално: Милан нема да игра во Лигата на Европа

Милан нема да учествува во Лигата на Европа во сезона 2019/20. Росонерите го повлекоа учеството од второто по квалитет европско клупско натпреварување откако постигнаа договор со УЕФА околу финанскиот фер-плеј. Спортскиот арбитражен суд одлучи да го суспендира трофејниот клуб од Милано, кој минатата сезона заврши на петтото место во Серија А и при тоа потфрли во обидот да обезбеди место во Лигата на шампионите.

„Арбитражниот суд за спорт го прифати постигнатиот договор меѓу УЕФА и Милан околу прекршувањето на финансикиот фер-плеј“, стои во дел од соопштението на Судот.

Во главно, Милан е казнет од страна на Европската фудбалска куќа поради нерегуларно трошење средства за засилувања во периодот од 2015 и 2018 година.

Италијанските медиуми тврдат дека Торино би требало да го заземе местото на Милан во квалификациите за ЛЕ, додека Рома директно ќе игра во групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести