Нигерија славеше со 2-1 над Јужна Африка во четврт-финалниот дуел на Афкон. Орлите до посакуваната победа стигнаа по погодокот на Труст-Еконг во последната минута од регуларните 90, така што спречи да се играат продолженија.
Претходно фудбалерот на Вилјареал, Самуел Чуквуезе ѝ донесе предност на Нигерија во 27-та минута, додека израмнувачкиот гол за Јужна Африка го постигна Зунгу во 71-вата минута.
Нигерија утре ќе го дознае противникот во полуфиналето, по дуелот меѓу БСК и Алжир. Претходно во топ 4 фазата се пласираше Сенегал.