Ривалите од Мерсисајд го одведоа Сенегал во полуфиналето на Афкон

Сенегалците се први полуфиналисти на Афкон по минималната победа од 1-0 против Бенин. За пласманот во топ 4 најзаслужни се фудбалерите на Ливерпул и Евертон, Садио Мане и Идриса Гана Геје.

Ривалите од Мерсисајд одработија одлична акција, по која Сенегал поведе со 1-0 во 70-тата минута. Шансите за пласман во полуфиналето на Сенегалците им се зголемија откако Вердон заработи директен црвен картон и го остави составот на Бенин на цедило на десетина минути пред крајот.

Утре ќе биде познат противникот на Сенегал во борбата за пласман во големото финале, по дуелот меѓу Мадагаскар и Тунис (21 часот).

https://www.youtube.com/watch?v=CS_3VmDtTc8

- Оглас -

Најнови вести