Словакот Петер Саган, трикратниот светски првак во велосипедизам, вчера ја доби петтата етапа на годинешниот Тур де Франс, тоа е негова 12-та етапна победа на трката околу Франција во кариерата, а откако ја мина целната линија, огромна радост имаше и кај неговиот татко, кој гледаше во близина.
Таткото Љубомир Саган жестоко ја прослави етапната победа на неговиот син, кој е мајстор за вакви спринтови и рамничарски етапи, а сето тоа беше снимено од камери. Денеска е првата планинска етапа, тука Саган нема шанси, па за ваков изблик на радост кај Љубомир, кој ги смее сите околу него, ќе треба да почекаме уште некој ден.
.@petosagan’s father is clearly pretty happy 😅
Le père de Peter Sagan est fou de joie ! 😅#TDF2019 pic.twitter.com/p2XgzbQfcM
— Tour de France™ (@LeTour) July 10, 2019