Актуелниот формула 1 шампион, Луис Хамилтон триумфираше на Големата награда за Велика Британија. За Хамилтон ова беше шеста победа на трката на Силверстоун и со тоа стана најуспешен возач во историјата на оваа патека. Успехот на Мерцедес го потврди и Валтери Ботас кој стигна до второто место, а како трет на пиедесталот се најде Шарлс Леклер од Ферари.
Хамилтон стартуваше од втората позиција, но успеа да го помине својот колега и потоа само ја зголемуваше предноста. На крајот, Хамилтон заврши 25 секунди пред Ботас, а Леклер заврши со 30 секунди заостанување.
Во генералниот пласман Хамилтон е лидер со 223 бодови, пред Ботас со 184, па Верстапен со 136, Фетел со 123, Леклер 120…