Најдобриот македонски тенисер во последниве неколку години Томислав Јотовски имаше точна прогноза во изборот за шампион на Вимблдон во машка конкуренција. Речиси пред две недели Јотовски прогнозираше дека Ѓоковиќ ќе ја одбрани титулата, а првиот светски рекет го оствари по петчасовниот спектакл против Роџер Федерер.
„Мислам дека Ѓоковиќ ќе го освои Вимблдон затоа што е покомплетен од другите тенисери, во секој поглед, лесно се прилагодува на промените на подлогата. Секако, тука се и Федерер и Надал, кои би играле еден против друг во полуфинале, на трева добри се Чилиќ, Димитров, сите тие би можеле да го освојат турнирот, но сепак Ѓоковиќ би го издвоил и би го ставил на прво место како главен фаворит“, изјави Јотовски пред две недели.
Јотовски не само што е најдобар тенисер во нашата држава, туку е и одличен аналитичар и прогнозер во „белиот спорт“.