Манчестер јунајтед го најде новиот Рајан Гигс

Манчестер јунајтед минимално со 1:0 го победи Интер и само потврди дека е во одлична форма во подготовителниот период. Црвените ѓаволи имаат три победи во три средби и тоа без да примат ниту еден гол. По победата над Интер, тренерот на Манчестер, Оле Гунар Солскјер беше воодушевен од играта на 17-годишниот Мејсон Гринвуд кој го даде единствениот гол на средбата.

„Момчето има само 17 години и секој ден учи нови и нови работи на тренингот. Веќе неколку месеци тренира со првиот тим и му има пораснато самодовербата. Како што претходно реков, тоа е одличен фидбалер, кој има природен талент за голови. Никогаш досега не сум размислувал да го дадеме како позајмен играч. Тој е еден од оние фудбалери кој мора да го задржиме. По малку ме потсетува на Гигс и на неговата приказна“, вели Солскјер за играта на Мејсон Гринвуд.

Погодокот на Гринвуд во дербито против Интер може да го погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести