Манчестер јунајтед му одржа лекција на Интер (Видео)

Манчестер јунајтед славеше против Интер со 1:0 во првиот меч на двата тима на Интернационалниот куп на шампиони. Најтрофејниот англиски клуб до победата стигна благодарение на погоокот на тинејџерот Мејсон Гринвуд во 76 минута. Талентираниот 17-годишен Гринвуд влезе во игра во 61 минута, а само 15 минути подоцна го даде погодокот за радост на фановите на Црвените ѓаволи. Ова е втор гол за Гринвуд во летната турнеја, откако погоди и против Лидс во триумфот од 4:0.

Во текот на целиот меч, Манчестер јунајтед беше многу подобар тим од Интер. Англичаните имаа повеќе од 60 отсто посед на топка, упатија дури 21 шута кон голот на Хандановиќ од кои осум беа во рамките на голот, а два пати ја погодуваа и рамката од голот на противникот.

На спротивната страна, Интер имаше само еден прецизен удар кон голот на Манчестер и тоа беше премалку за да се стигне до погодок.

Во последниве 20 години, ова беше вкупно шест меѓусебн дуел на овие два клуба, а Манчестер стигна до четвртиот триумф, додека два пати средбите завршувале нерешено, а Интер се нема израдувано ниеднаш.

https://youtu.be/8Iq44mQEq9Q

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести